Горан Трајкоски е македонски композитор на театарска и филмска музика, инструменталист, вокален интерпретатор, основач и композитор на рок групите Падот на Византија и Анастасија. Бил соработник на неколку дискографски изданија и настапувал со многу еминентни групи и музичари од алтернативната сцена. Соработувал и со култни фолклорни уметници и изведувачи на традиционална музика од нашето поднебје.
Студирал англиски јазик и книжевност на филолошкиот факултет во Скопје, а музички се образувал во школата на Пеце Атанасовски. Својата прва музика за театарска претстава ја направил во далечната 1989 година, а компонирал музика за повеќе од 80-тина театарски претстави и филмови во Р. С. Македонија и во странство.
Денес работи како музички соработник во Македонски Народен Театар (МНТ).