Што значи ова искуство за мене како актер? Тоа е нешто што не трпи вербализација и излегува од секоја форма и концепт. Тоа е нешто што ви се случува вам лично, нешто што сакате да потрае засекогаш. Навистина е тешко со зборови да опишам нешто што е вистинска љубов, вели актерот Веселинов
„1000 години сведок на светлината“ е името на новиот документарен филм посветен на манастирот „Св. Јован Бигорски“. Филмот, чија премиера ќе биде денеска на МТВ, а ќе биде достапен и на официјалниот канал на „Јутјуб“ на Бигорскиот манастир, е во режија на Илија Ико Каров, а протагонист е актерот Благој Веселинов. Инаку, според податоците, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, додека во XVI век бил разрушен за време на отоманската власт, кога од големиот комплекс останала само мала црква. Манастирот бил обновен во 1743 година, а името го добива поради користење на каменот бигор за негова градба. Црквата, која е посветена на Јован Крстител, се одликува со импозантна внатрешност во која доминира специфична резба на религиски мотиви и приказни, работена во цели делови од дрво од орев.
За искуството и впечатоците од снимањето на овој филм, разговараме со Веселинов во ова интервју.
Бигорскиот манастир е надалеку познат по својата големина и автентичност, не само како градба, туку и по својата вистинска духовност. Што за Вас значеше ова филмско искуство во кое сте главен протагонист?
Зошто е ова искуство нешто сосема различно од она што досега го имате работено низ Вашата долгогодишна актерска кариера?
– Претходно го имав посетено Бигорскиот манастир. Можам да кажам дека со самото немо набљудување имав чувство дека сум го видел и го знам, иако не сум присуствувал на литургија или на молитва. Тоа е нешто што не трпи вербализација и излегува од секоја форма и концепт, тоа е нешто што ви се случува вам лично, нешто што сакате да потрае засекогаш. Не знам како би бил разбран, но навистина е тешко со зборови да опишам нешто што е вистинска љубов.
Чија беше идејата да биде создаден „1000 години сведок на светлината“?
– Во овој процес влегов преку режисерот на филмот Илија Ико Каков. Кога тој ме побара, прво му реков: „Во ред, се согласувам“, а дури потоа прашав што поточно ќе треба да работам. Идејата се родила во манастирот како една од многуте што биле генерирани од владиката Партениј и сестрите и браќата од Бигорскиот манастир по повод 1000 години од неговото постоење. Пресреќен и почестен сум што бев дел од реализацијата на овој документарен филм.
Дали беше тешко да се долови сето она што Вам како актер Ви беше замисла, но и на режисерот на филмот?
Бигорски е духовен храм кој има простор без време. Таму сите грешки се бришат со непрекината молитва. Бигорски може да ви даде повеќе од очекуваното оти во основата лежи љубовта. Досега бевме навикнати само на еден репортажен пристап, но овој филм отвора перспектива на оригиналност, автентичност, непосредност и доживеаност, а токму тоа верувам дека гледачите ќе го препознаат.
Подготвил: Антонија Поповска
Лектор: Ивана Кузманоска
Извор: Факултети.мк