Илија Жоговски е кинематографер роден 1982 година во Скопје. Завршува студии по филмска камера во Букурешт, Романија, каде што продолжува со работа во наредните 5 години и основа своја продукциска куќа. Во 2008 година, со дипломскиот филм, влегува во официјална селекција на Канскиот филмски фестивал, каде освен како кинематографер се јавува и како продуцент.
Снимил повеќе кратки играни филмови, долгометражни документарни филмови, телевизиски играни серии, како и документарно репортажни емисии, реклами, музички спотови, корпоративни кратки и долги филмови. Продуцирал и снимал неколку комерцијални видеа во Гана. Негов предизвик се документарните филмови. Ова му е трет долгометражен документарен филм и прв во Р. С. Македонија. Љубител е и заштитник на природата и живиот свет.