„1000 години Сведок на Светлината“ е декументарен филм кој не само што го одбележува големиот Јубилеј, туку и го доловува духовниот монашки континуитет низ вековите на еден цел милениум.
Реализацијата на овој филм трае околу пет години. Со цел да биде што подостапен авторската екипа ќе овозможи негова презентација со тоа што практично ќе се откаже од можностите за учество на фестивали.
Осознавајќи колку многу ви значат: манастирот, монасите, богослужбите и над сè духовното раководство на бигорскиот Старец, Епископ Партениј, по кратко размислување и во консултација со бигорци, едногласно одлучивме дека иако сè уште имаме одредени протоколи поради корона вирусот, тоа никако нема да нè попречи да го испорачаме филмот со наслов „1000 години Сведок на Светлината“ до сите вас, кои веќе одамна го очекувате. Можеби не можеме да направиме стотина премиери поради важечките протоколи, но можеме со чиста совест и без трошка колебање, да се откажеме од сите филмски фестивали! Затоа, ако не можат сите на премиера тогаш премиерата може кај сите! Во тој контекст, овој 15 април, „1000 години Сведок на Светлината“ ќе можете да го проследите на МТВ, на нашиот јутјуб канал и на Facebook страницата на филмот! Само колку да се знае: со прикачувањето на филмот он-лајн, ние, авторската екипа, ги губиме сите права за учества на филмски фестивали. Но тоа никако не ни предизвикува чувство дека сме изгубиле нешто. Напротив, сите вие, заедно со црнорисците од Бигорски, сте нашата најголема награда која ја добивме преку овој филм!, велат од актерската екипа.
Погледнете го трејлерот за документарниот филм.
Извор: Религија.мк