Режисер и сценарист: Илија Ико Каров

Ilija Iko Karov
Илија Ико Каров
Режисер и сценарист: Илија Ико Каров

Илија Ико Каров е роден на 29.03.1986 година во Скопје.

Средно образование завршува во Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ каде што се здобива со основите на класичната ликовна уметност. Потоа високото образование го продолжува на Новиот Бугарски Универзитет во Софија, отсек тв и филмска режија, дипломира на ЕСРА во Скопје, исто така на отсекот за тв и филмска режија. 
Каров има режирано и напишано: краткометражни филмови, рекламни видеа, корпоративни филмови, музички спотови, кратки документарни форми и телевизиски играни форми.

Во 2008 година Каров го режираше видеото за една од меѓународно најнаградуваните рекламни кампањи во историјата на маркетингот во Македонија.

Во 2018 година Ико Каров дебитираше на книжевната сцена во Македонија со романот: „Приказната за човекот што ги прекрши сите ветувања“

Ова е прв целовечерен филм на Каров.