ФИЛМСКА ПРЕМИЕРА НА 15 АПРИЛ 2022 год. НА YOUTUBE И МТВ

Документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ се емитуваше на МТВ на 15  април 2022. Истовремено е достапен за гледање на официјалниот YouTube канал на Бигорскиот Манастир.

YouTube премиера

„1000 години Сведок на Светлината“ – документарен филм за Бигорски Манастир

На секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, кој сведочи за една друга убавина – не од овој свет. Тоа е токму онаа убавина, оној елемент, петтиот, кој е самата смисла на веќе добро познатите четири елементи. Тоа е токму тој елемент кој многумина мудри и просветлени философи го положиле во центарот, како есенцијална смисла на просветлувањето, оттаму и дека „Убавината ќе го спаси светот“.

Овој филм е токму за таа „Убавина“, што веќе еднаш го спаси светот…

„Сведокот на светлината“ транзитира, поставувајќи темели на една подруга документаристика за Бигорскиот Манастир. Досега бевме навикнати само на еден репортажен пристап. Овој филм отвора перспектива на оригиналност, автентичност, непосредност и доживеаност. Тој е складен со традицијата и наративот, но има и нешто ново и оригинално, нешто свое. Без овие нешта хоризонтот на филмот останува затворен или сувопарен.

 

Режија и сценарио: Илија Ико Каров

Актер: Благој Веселинов

КАТ Продукција

videopop

Актер: Благој Веселинов

Благој Веселинов е роден на 27 февруари 1984 година во Кочани. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Благој Веселинов толкувал голем број на улоги, како во театар (над 30 театарски премиери), така и на филм (над 16 улоги во долгометражни и повеќе од 20 улоги во кратки филмови), а учествувал и во доста телевизиски проекти. Неговиот неприкосновен актерски талент бил многупати препознаен и наградуван и во земјава и во странство. Една од бројните награди е онаа на Берлинале „Shooting Stars“, која ја доделува платформата Европска филмска промоција, за улогата во филмот „Исцелител“, 2019 г.

Негова матична куќа е Македонскиот народен театар (МНТ).

Blagoj Veselinov

НАВОДИ

Јован 1:6-9

Имаше еден човек по име Јован, ис­пратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат пре­ку него. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. Беше Вистинска Светлина, Ко­ја го осветлува секој човек, што доаѓа­ во светов.

Режисер: Илија Ико Каров

Не секој сака да се види така каков што е. Бев сведок на една сцена каде што еден човек навистина во очај се куди себеси, каков бил, што направил и слично, се навредува до таа мера, рони солзи, а дедо Партениј седи до него, рони уште поголеми солзи и на секоја негова навреда вели: „Ти си ангел, само треба да ти ги одврземе крилјата“.

М-р Влатко Деловски етнолог и културолог

Документарецот „1000 години – Сведок на светлината“ е јасен, авторот лесно ја гради довербата кај гледачот; сака, разбира, дава сигурност и чувство на едноставност, предизвикувајќи го гледачот на длабоко интимно чекање – дерзост која доаѓа да го промени.

Јеромонах Кирил

Големиот писател и православен философ Достоевски вели: „Да најдеш вистински православен Старец, вреди многу повеќе отколку да ги имаш прочитано сите книги на светот“. Оти, вели тој, Старецот е човек којшто ја зема твојата волја и твоето срце во својата волја и во своето срце.

Режисер: Илија Ико Каров

На прашањето: „Кога ќе биде филмот за Илјадагодишнината?“, отсечно и сериозно одговарав „За двеилјадигодишнината“.