Изјава на режисерот
На секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, кој сведочи за една друга убавина – не од овој свет. Тоа е токму онаа убавина, оној елемент, петtиот, кој е самата смисла на веќе добро познатите четири елементи. Тоа е токму тој елемент кој многумина мудри и просветлени философи го положиле во центарот, како есенцијална смисла на просветлувањето, оттаму и дека „Убавината ќе го спаси светот“.
Овој филм е токму за таа „Убавина“, што веќе еднаш го спаси светот…
Всушност „1000 години Сведок на Светлината“ е букет од секогаш присно свежите цветови од илјадалетната градина на Светиот Јован Крстител во Бигорскиот манастир.
Помеѓу дисторзијата од многубројните идеологии кои обилно извираат од сите страни во нашето секојдневие, да му пристапиш како автор на овој филм, подразбираше да застанеш во првите редови на бунтот… Тоа е оној бунт за кој објаснува Валтерот во филмот.
Вистинскиот, последниот бунт!
Илија Ико Каров
(Режисер)