Почитувани,
Со посебна радост ве информираме дека документарниот филм „1000 години Сведок на Светлината“ на КАТ Продукција, на 24.08.2022 година (вторник), а во рамки на фестивалот „Браќа Манаки“, ќе се емитува во 20:30 часот, на платото пред Офицерскиот дом во Битола.
Проекцијата е слободна и можат да ја проследат сите заинтересирани лица.
Потсетуваме дека филмот „1000 години Сведок на Светлината“, кој е во режија на Илија Ико Каров, е снимен по повод големиот илјадагодишен јубилеј на Бигорската свештена обител што се прослави во 2020 година. Филмот ја доживеа својата свечена премиера во Македонскиот Народен Театар на 15 април оваа година и постигна огромен интерес и позитивни критики од вљубениците во филмската уметност ширум светот.