5

Изјава на режисерот

На секои илјада години во Бигорскиот манастир процутува по еден цвет, кој сведочи за една друга убавина – не од овој свет. Тоа е токму онаа убавина, оној елемент, петtиот, кој е самата смисла на веќе добро познатите четири елементи. Тоа е токму тој елемент кој многумина мудри и просветлени философи го положиле во центарот, како есенцијална смисла на просветлувањето, оттаму и дека „Убавината ќе го спаси светот“.

3

Овој филм е токму за таа „Убавина“, што веќе еднаш го спаси светот…

Всушност „1000 години Сведок на Светлината“ е букет од секогаш присно свежите цветови од илјадалетната градина на Светиот Јован Крстител во Бигорскиот манастир.

Помеѓу дисторзијата од многубројните идеологии кои обилно извираат од сите страни во нашето секојдневие, да му пристапиш како автор на овој филм, подразбираше да застанеш во првите редови на бунтот… Тоа е оној бунт за кој објаснува Валтерот во филмот.

Вистинскиот, последниот бунт!

Повеќе

Продукција

Благодарност на сите членови на тимот, без кои немаше да се случи овој документарен филм.

РЕЖИСЕР & СЦЕНАРИСТ: ИЛИЈА ИКО КАРОВ

Илија Ико Каров е роден на 29.03.1986 година во Скопје.

Средно образование завршува во Државното средно уметничко училиште “Лазар Личеноски” каде што се здобива со основите на класичната ликовна уметност.

Повеќе
Ilija Iko Karov
Blagoj Veselinov

АКТЕР:
БЛАГОЈ ВЕСЕЛИНОВ

Благој Веселинов е роден на 27 февруари 1984 година во Кочани. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.

Благој Веселинов толкувал голем број на улоги, како во театар (над 30 театарски премиери), така и на филм (над 16 улоги во долгометражни и повеќе од 20 улоги во кратки филмови), а учествувал и во доста телевизиски проекти.

Повеќе

КИНЕМАТОГРАФ:
ИЛИЈА ЖОГОВСКИ

Илија Жоговски е кинематографер роден 1982 година во Скопје. Завршува студии по филмска камера во Букурешт, Романија, каде што продолжува со работа во наредните 5 години и основа своја продукциска куќа.

Во 2008 година, со дипломскиот филм, влегува во официјална селекција на Канскиот филмски фестивал, каде освен како кинематографер се јавува и како продуцент.

Повеќе
Ilija Zogovski
Branko Blazevski

МОНТАЖЕР:
БРАНКО БЛАЖЕСКИ

Бранко Блажевски е роден на 03.01.1987 година. Средното образование го завршува во средното гимназиско училиште „Кочо Рацин“, а потоа продолжува на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломира на Економскиот факултет. Сепак, Бранко одлучува да го следи својот внатрешен копнеж и силен повик за да се посвети на убавото – уметноста – која е нераскинливо поврзана со неговото битие.

Повеќе

МОНТАЖЕР:
ГОРАН КОСТАДИНОВ

Монтажер и втор асистент на режија во документарниот филм. Горан Костадинов е роден на 14.07.1981 година во Кавадарци. Копнежот по филмската уметност го води на НАТФИЗ во Р. Бугарија, каде што дипломирал на отсекот Филмска и ТВ режија.

Повеќе
Goran Kostadinov
Goran Trajkovski

АВТОР НА МУЗИКА:
ГОРАН ТРАЈКОСКИ

Горан Трајкоски е македонски композитор на театарска и филмска музика, инструменталист, вокален интерпретатор, основач и композитор на рок групите Падот на Византија и Анастасија.

Бил соработник на неколку дискографски изданија и настапувал со многу еминентни групи и музичари од алтернативната сцена.

Повеќе

Филмска екипа

Сценарио Илија Ико Каров • Асс режија Бранко Блажевски, Горан Костадинов • Сниматели Никола Грнчаров, Кристијан Тодоровски, Александар Ивановски, Стојан Стојановски, Александар Пауновски, Томе Љушев • Главен дрон оператор Дарко Данилов • Дрон оператор Бојан Маринковиќ, Александар Дончев, Кристијан Љушев, Стојан Стојановски, Костас Клитсогианис

Аудио дизајн Бранко Блажевски Тонски сниматели Симон Кипровски, Александар Тодоровски, Братислав Зафировски • Сниматели на нарација Сашко Мицевски, Дарко Димитриевски, Марко Ѓургиќ • Аудио микс Братислав Зафировски

• Директор на фотографија на шпици и снимател Горан Кузмановски • Асистент на монтажа Никола Грнчаров • Светло мајстор Сашко Стојановски • 3Д Анимација Ѓорѓи Димовски • Продуцент Илија Жоговски, Бранко Блажевски • Извршенн продуцент Илија Ико Каров • Постпродукција Бранко Блажевски • Шминка Елена Цветковска • Графички дизајн Марија Мицевска

Сведоштва

Сведоштво Јован Милеусниќ, Христина Милеусниќ, Мартин Георѓиевски Валтер, Бранко Богучевски, Душанка Бојаџиева • Учество Даниел и Герасим Колевски

КАТ Продукција

КАТ продукција е основана пред речиси 20 години, а со цел подобра промоција и збогатување на културата и уметноста.

Од самиот почеток КАТ се фокусира на младите, во поглед на нивната едукација и творештво, како и промовирање на истото. Во тој контекст таа продуцирала повеќе детски серии, меѓу кои и неколку меѓународни во соработка со повеќе балкански земји. Како продукција учествувала на два меѓународни музички фестивали за деца, три години по ред организирала летни креативни работилници за деца и млади, но и повеќе детски претстави. Во копродукција со Детски Креативен Центар КАТ го основа првиот Градски детски хор „Децата на Скопје“.

Бидејќи КАТ е силен заштитник на природата и живиот свет, продуцирала и видеа за заштита и промоција на животните, меѓу кои и документарната емисија „The pets that marked 20th century – Red Ear Slider“, како и кратки видеа за промоција на природното градителство. Во периодот помеѓу 2015 – 2020 година, во соработка со Институтот за јавно здравје, организирала настани за одбележување на Светскиот ден на водата (22 март).
Во текот на своето 20 годишно постоење, КАТ продуцирала повеќе видео спотови, но и неколку комерцијални видеа – ТВ реклами, корпоративни видеа и промотивни спотови. Продуцирала и неколку корпоративни документарни филмови, како и два долгометражни документарни филмови, меѓу кои е и филмот: „1000 години Сведок на светлината“.

Освен со продукција на видеа, филмови, организација на настани и претстави, КАТ исто така се посветува и на издавачката дејност. Има издадено повеќе од 30 наслови белетристика и 20 наслови стручна литература од областа на едукацијата, комуникацијата и дизајнот.